Call – NMK

Драги пријатели,

Дојде моментот на крај на нашиот проект, и сакам да Ве поканам на учество. Во трите години на истражување на управувањето со археолошкото наследство и јавната археологија низ Медитеранот, имав чест да сретнам многу од Вас и да научам поприлично за предизвиците со кои се соочуваме во нашата катадневна работа. Наскоро, ќе бидам во можност да ги споделам сите резултати на

проектот, со отворен пристап, се разбира. Во меѓувреме, би сакал да имаме мала прослава во форма на отворен настан (без партиципација) каде и Вие можете да го дадете Вашиот прилог.

Настанот ќе се одвива во Април, виртуелно, и ќе се обидеме на повеќе начини да го направиме пристапен за сите Вас. Ако го добиете овој повик и би сакале да се вклучите во некоја од активностите, не се сомневајте дека ќе се обидеме да надминеме било какви технолошки пречки кои ги имате. Иако англискиот ќе биде работен јазик за настаните кои ќе се пренесуваат во живо, не сакаме јазикот да

претставува пречка, па затоа отвораме опција да учествува секој на својот сопствен јазик во зборникот на трудови од конференцијата.

Општата тема на конференцијата ќе биде: „Археолошката пракса и општеството во Медитеранскиот регион“, онолку општо колку што звучи. Општеството (нашето, од сегашноста, а не општествата од минатото) е главниот предизвик и секој прилог кој го разгледува односот помеѓу општеството и археологијата во Медитеранскиот регион е добредојдена. Па сепак, прифатливи се и придонесите од областите на управување со археолошкото наследство и археолошката

професија во регионот на Медитеранот или оштите теоретски пристапи кон јавната археологија во овој регион.

Крајниот рок за доставување на Вашите предлози е 15 февруари 2021 година. Имате можност да изберете помеѓу овие опции:

  • Фотографски есеј на Twitter и Instagram [на англиски].
  • Вавилонската кула: Постер есеј (Постер на англиски + незадолжително –

есеј од 2000 збора на било кој јазик од Медитеранот)

Ќе имате можност да учествувате (активно) и на панелите кои ќе се одвиваат во живо, како и виртуелните јавни настани и собири, кои планираме да бидат организирани за текот неделата во која ќе се одржи конференцијата.

Конкретни упатства:

*сите прифатени прилози подоцна ќе бидат објавени во Специјализирано издание на АП: Електронско списание за јавна археологија (free open access, indexed in Scopus)

Фотографски есеј на Twitter

Јазик: Англиски

Платформа: Twitter

Формат: Најмногу до десет слики (дозволени се само слики, без текстуални слајдови или слично) со соодветниот наслов до 280 букви.

Процедура: Штом бидат прифатени, ќе биде определено време во кое ќе бидат споделени на конференцијата.

Ќе бидат објавени како тема, додавајќи на првата hashtag #pubarchMEDfin и со тагирање на @JaimeAlmansa на првата слика. Пред настанот ќе бидат споделени и поконкретни упатства. Доколку имате недоумици, или немате Twitter, а сепак сакате да учествувате, слободно контактирајте го Хајме.

Фотографски есеј на Instagram

Јазик: Англиски

Платформа: Instagram

Формат: Најмногу до десет слики (дозволени се само слики, без текстуални слајдови или слично) со соодветниот наслов до 2200 букви (целосно).

Процедура: Штом бидат прифатени, ќе биде определено време во кое ќе бидат споделени на конференцијата.

Ќе бидат објавени како еден пост, додавајќи на насловот hashtag #pubarchMEDfin и со тагирање на @JaimeAlmansa на крајот. Важно: Ќе можете да учествувате само доколку вашиот профил е јавен. Пред настанот ќе бидат споделени и

поконкретни упатства. Доколку имате недоумици, или немате Instagram, а сепак сакате да учествувате, слободно контактирајте го Хајме.

Вавилонската кула: Постер есеј

Јазик: Англиски/ Незадолжително, есеј од 2000 збора на англиски или било кој јазик од Медитеранот.

Платформа: Web

Формат: [постер] Да соодветстува на големина за печатење А1. Во слободен стил. Слободно пратете го во било кој формат, а ние ќе го трансформираме во слика. [есеј]. Дозволено е да се продолжи содржината на постерот со кој ќе биде објавен со него.

Процедура: Штом бидат прифатени, постерите (и есеите) ќе бидат објавени во галерија на постери на веб-страната на #pubarchMED и луѓето од таму ќе бидат во можност да ги видат. За време на конференцијата, ќе биде организиран одделен јавен настан за авторите на постери, со цел да се поврзат со своите колеги и со можност да поставуваат и одговараат на прашања.

Не заборавајте да ги предадете своите предлог-придонеси за конференцијата пред 15 февруари 2021 година

(апстрактите е пожелно да бидат на англиски јазик, составени од помалку од 200 збора).

ЛИНК: https://forms.gle/mBymvJKUqr5usYwA7